Македонија се соочува со недостиг од работна сила и зголемена миграција на работници, а најновите податоци од Хрватска покажуваат силна побарувачка за странска работна сила.
Од почетокот на годинава до 30 ноември, во Хрватска се издадени над 160 илјади дозволи за престој и работа за странски државјани, што уште еднаш ја потврдува регионалната конкуренција за работници и притисокот врз пазарите на трудот во земјите од Западен Балкан, вклучително и Македонија.
Најмногу дозволи за престој и работа им се издадени на граѓани на БиХ (30.188), по што следат Непал (29.579) и Србија (23.145).
По неа следуваат Филипините (16.195), Индија (14.500) и Македонија (11.384), а во првите десет се и Косово (5.860), Египет (5.149), Узбекистан (5.161) и Бангладеш (3.183).







