5.8 C
Skopje
1 February, 2026

Мапа

независен информативен портал
spot_imgspot_imgspot_img
HomeМакедонијаХрана со истечен рок, лоши хигиенски услови, недостиг на санитарни книшки инспекторите...

Храна со истечен рок, лоши хигиенски услови, недостиг на санитарни книшки инспекторите влегоа во маркетите

- Advertisement -spot_img

Околу четириесет илјади евра во денарска противвредност е вкупната вредност на 22 казни кои ги изрекоа инспекциските служби на Агенција за храна и ветеринарство на оператори со храна, по спроведувањето вонредни надзори во маркети и хипермаркети на целата територија на државава.

Со акцијата која се спроведе од 13 до 16 јануари годинава, контролирани беа 188 оператори со храна од оваа категорија.

Кај 10 оператори, со контролите утврдени се полесни повреди од областа на безбедноста на храната, како неселектираност на разладни уреди, нејасни и нечитки декларации на производите и слично, за што се изречени мерки опомена, а во 2 маркета констатирано е дека вработените лица немаат санитарни книшки.

Кај 6 од контролираните меркети утврдено е дека немаат имплементирано процедури за примена на правилата на Добра призводствена и Добра хигиенска пракса, а кај 14 маркети затекната била храна со изминат рок на траење.

Како небезбедени во рамки на оваа акција на Агенцијата, од операторите одземени и нештетно уништени се над 253 килограми храна и тоа месо и преработки од месо, млечни, кондиторски и други видови производи. објави Скопје1.мк

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img