домаМакедонијаХоџа: Се разгедуваат забелешките по Предлог-законот за природа, следат јавни расправи

Хоџа: Се разгедуваат забелешките по Предлог-законот за природа, следат јавни расправи

- Advertisement -spot_img

Министерството за животна средина и просторно планирање информира дека заврши периодот за коментирање на Предлог-законот за заштита на природата преку ЕНЕР. Во тек е систематизација и разгледување на пристигнатите предлози и забелешки од институциите, стручната јавност, граѓанските организации и граѓаните. Министерството упатува благодарност до сите учесници кои придонесоа кон подготовката на ова значајно законско решение.

По вградувањето на прифатените сугестии во законскиот текст, Министерството ќе организира две јавни расправи и ги повикува сите заинтересирани страни активно да се вклучат во следната фаза од процесот, со цел донесување современ и квалитетен закон кој ќе обезбеди поефикасна и долгорочна заштита на природните вредности.

Предлог-законот ја уредува заштитата на природата преку заштита на биолошката и пределската разновидност, заштита на природното наследство во и надвор од заштитените подрачја, како и заштита на природните реткости.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img