домаСветХакерски напад врз италијанскиот парламент, меѓу целите и електронската пошта на премиерката...

Хакерски напад врз италијанскиот парламент, меѓу целите и електронската пошта на премиерката Мелони

- Advertisement -spot_img

Информатичките системи на Долниот дом на италијанскиот парламент во изминатите денови биле цел на кибернетички напад, а меѓу целите била и парламентарната електронска адреса на премиерката Џорџа Мелони. Информацијата ја потврдил извор од парламентот, пренесува „Ројтерс“.

Истиот извор не можел да прецизира дали хакерите успеале да пристапат до електронската пошта на премиерката, но нагласил дека безбедноста не е загрозена бидејќи биле активирани сите потребни заштитни мерки.

Од кабинетот на премиерката Мелони дополнително појасниле дека не станува збор за електронска адреса што таа ја користи за официјална комуникација на Владата.

Според истите информации, нападот бил насочен и кон други пратеници во Долниот дом на парламентот, како и кон други институции.

Кибернетичките напади во последните години стануваат сè почести низ Италија и Европа. Нивни цели често се влади, инфраструктурни објекти и компании, а ваквите инциденти предизвикуваат прекини во услугите и отвораат прашања за заштитата на податоците.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img