домаМакедонијаГруби за две и пол недели можно е да излезе од куќен...

Груби за две и пол недели можно е да излезе од куќен притвор

- Advertisement -spot_img

Последниот рок за истрага против поранешниот вицепремиер Артан Груби од ДУИ истекува на 22 август, и тогаш можно е тој да биде пуштен од куќен притвор, ако обвинителот не подигне обвинение против него, објави СДК.мк

Обвинителот од ОЈО Скопје кој по 14-месечно бегство на Груби, го остави само пола ден во притвор и веднаш мерката му ја ублажи во куќен притвор, има законски рок од 17 дена да ја заврши истрагата, или во спротивно, тој ќе биде слободен.

„Ако нема обвинение, куќниот притвор на осомничениот за кој прашувате му се укинува и Основниот кривичен суд Скопје по службена должност одредува мерка за обезбедување присуство. Најчесто тоа е одземање на патната исправа“, одговориле од Кривичниот суд.

Груби на граничниот премин Блаце на 23 февруари 2026 се врати од бегството во Косово, а осомничен е за проневера од 8,2 милиони евра во Државна лотарија.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img