домаРегионГрција ја одложи новата обврска за возачите: Еве од кога ќе мора...

Грција ја одложи новата обврска за возачите: Еве од кога ќе мора да имате нов комплет за прва помош!

- Advertisement -spot_img

Возачите кои патуваат во Грција сепак нема да мораат веднаш да набавуваат нов комплет за прва помош, откако грчките власти решија да го одложат стапувањето во сила на новото правило.

Според одлуката објавена во Службен весник на Грција, обврската за поседување на новиот стандарден комплет за прва помош ќе започне да важи од 1 јануари 2027 година.

Претходно беше најавено дека мерката ќе почне да се применува многу порано – од 18 јуни оваа година, што предизвика реакции и дилеми кај голем број возачи и туристи кои патуваат кон грчките летувалишта.

Според новите правила, комплетот за прва помош ќе мора да содржи 16 специфично пропишани елементи, а контролите ќе се однесуваат и на странски возила што влегуваат во Грција.

За оние кои нема да го поседуваат задолжителниот комплет, предвидена е парична казна од 30 евра.

Одложувањето на мерката значи дека патниците ќе имаат дополнителен период за прилагодување и набавка на комплетите што ќе ги исполнуваат новите грчки стандарди за безбедност во сообраќајот.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img