домаХроникаГранични полицајци земаа мито – заработија и кривична и суспензија

Гранични полицајци земаа мито – заработија и кривична и суспензија

- Advertisement -spot_img

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР до ОЈО ГОКК поднесе кривична пријава против Х.К. и Ј.К. поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „примање поткуп“ по член 357 од Кривичниот законик.

Како што информираат од МВР, првопријавениот, на работно место како полициски службеник на ГП „Долно Блаце“ вчера при вршење гранични проверки за влез во државата, од лице кое ја преминувало државната граница со патничко моторно возило, во кое како сопатници биле и двајца турски државјани, побарал и примил парични средства за да овозможи влез во државата на двајцата турски државјани, лажно прикажувајќи му дека постои проблем во врска со нивниот престој.

Првопријавениот, дел од примените парични средства ги дал на второпријавениот.

Одделот за внатрешна контрола против Х.К. и Ј.К. ќе поднесе предлог за поведување на постапка за утврдување на одговорност за кршење на работниот ред и дисциплина и ќе изрече задолжителна мерка за отстранување од работното место до завршување на дисциплинската постапка – суспензија.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img