домаМакедонијаГраделе без одобрение за градба, поднесена кривична пријава против седум лица

Граделе без одобрение за градба, поднесена кривична пријава против седум лица

- Advertisement -spot_img

Надворешната канцеларија за криминалистички работи во Гостивар поднесе кривична пријава против група лица, меѓу кои: А.С. (27), А.С. (27), А.С. (47), Б.А. (54), И.Б. (33), С.Е. (48) и В.Р. (42), како и две друштва од Гостивар – едното за производство и градежништво, а другото за геодетски работи и консалтинг. Причината за обвинувањето е постоење основи за сомнение за извршување на кривични дела, вклучувајќи „бесправно градење“, „фалсификување исправа“, „несовесно работење во службата“ и „злоупотреба на службена положба“.

А.S., А.S., и А.S., кои се инвеститори, во текот на 2021 и 2022 година вршеле градежни активности на сопствениот катастарски парцел во Гостивар, при што не се придржувале до одобренијата за градба издадени од општината. Управителот на Друштвото за геодетски работи, Б.А., изготвил геодетски елаборат кој не кореспондира со основниот проект, а создал и лажна исправа, која ја приложил како вистинска за правното лице за проектирање и инженеринг.

И.Б., управител на друштвото за производство и градежништво, составил Завршен извештај за технички прием на објектот, во кој лажно потврдил дека градбата е изградена според одобрените проекти. С.Е., исто така, знаејќи дека овластениот градежен инспектор, В.Р., констатирал неправилности, и покрај тоа го испратил техничкото известување до Агенцијата за катастар на недвижности, која ја регистрирала градбата и издала имотен лист.

В.Р., по изготвувањето на записникот за констатирани недостатоци, не извршил редовен инспекциски надзор, што му овозможило на инвеститорот да ја стави градбата во функција и покрај постоечките неправилности.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img