10.8 C
Skopje
31 January, 2026

Мапа

независен информативен портал
spot_imgspot_imgspot_img
HomeМакедонијаГраѓанската иницијатива „Стоп за Усје“ денеска организираше нов протестен марш во Скопје

Граѓанската иницијатива „Стоп за Усје“ денеска организираше нов протестен марш во Скопје

- Advertisement -spot_img

Граѓанската иницијатива „Стоп за Усје“ денеска организираше нов протестен марш во Скопје под мотото „Профит за Усје, болест за народот“, на кој беше упатено барање за затворање на цементарницата. Учесниците на протестот изразија незадоволство од досегашната реакција на надлежните институции во однос на заштитата на здравјето на граѓаните од загадувањето на воздухот.

„Владата не прави ништо со загадувањето. Дури ни во екстремно загадените денови не се преземаат никакви мерки за наша заштита“, кажа еден од говорниците на протестот.

„УСЈЕ“ НЀ ТРУЕ, ВЕДНАШ ДА СЕ ДИСЛОЦИРА, ПОБАРАА ГРАЃАНИТЕ НА ПРОТЕСТОТ ВО СКОПЈЕ
За време на протестот, граѓаните изразија сомнеж во веродостојноста на официјалните мерења на загадувањето, тврдејќи дека тие не ја прикажуваат вистинската состојба на теренот. Според нив, властите не преземаат соодветни мерки за да го спречат негативното влијание на индустриските објекти врз животната средина.

Протестниот марш започна пред зградата на Владата, по што граѓаните продолжија кон Собранието и Министерството за животна средина и просторно планирање, каде што ги повторија своите барања за итно дејствување и поголема контрола над загадувачите.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img