12.8 C
Skopje
5 January, 2026

Мапа

независен информативен портал
spot_img
HomeСветГраѓаните на Каракас акумулираат залихи по притворањето на Мадуро

Граѓаните на Каракас акумулираат залихи по притворањето на Мадуро

- Advertisement -spot_img

По апсењето на венецуелскиот претседател Николас Мадуро од страна на САД, главниот град Каракас се соочува со зголемена напнатост и страв кај населението. Објавата од американскиот претседател Доналд Трамп предизвика бурни реакции и загриженост за можните политички и безбедносни последици.

Многу жители излегоа на улиците со цел да набават основни намирници и лекови, стравувајќи од потенцијални прекини во снабдувањето и нови немири. Пред продавниците, пазарите и аптеките се создаваат долги редици, а дел од граѓаните најавуваат дека планираат да останат дома во следните денови.

Иако секојдневните активности не се целосно прекинати, во најголем дел од градот е забележано засилено присуство на полицијата. На улиците може да се видат полициски возила и вооружени припадници на безбедносните сили, што дополнително ја нагласува сериозноста на ситуацијата и го зголемува стравот кај граѓаните. Според информации од Еуроњуз, дел од нив размислуваат за миграција доколку кризата се продлабочи.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img