Истражувањето покажува дека за граѓаните на Македонија главно се задоволни од работата на градоначалниците во нивната општина (55,8%) и дека ги исполнуваат ветувањата. Сепак, во сите општини граѓаните сметаат дека најголем проблем е хигиената, на второ место е јавниот превоз, па урбанизацијата, паркингот, кучињата скитници, загадувањето на воздухот…
На прашањето колку сте задоволни од работата на градоначалникот на Скопје, половина од испитаниците (49%) одговорија позитивно, а 44,6 отсто се незадоволни, пишува МКД.мк.








