Граѓани во повеќе градови во Македонија вчера протестираа поради незадоволство од од измените на Законот за сообраќај, односно од новите одредби поврзани со на возачките дозволи и одземањето на возилата.
Околу 300 лица кон 16:30 часот го затворија патот А-3 кај местото познато како Ромска населба го блокираа сообраќајот на патниот правец Битола–Ресен, предизвикувајќи прекин на движењето на возилата во двата правци. Протестот се одвиваше со поставување и палење гуми на коловозот, што ја оневозможува нормалната сообраќајна комуникација. Причината за протестот била реакција на одземањето на три возила од страна на полицијата.
Во кочанската населба Трајаново Трло, граѓани изразија револт поради новиот закон за одземање возила управувани без возачка дозвола. На улицата „Цветан Димов“ беа запалени гуми, но по кратка и тензична интервенција, пожарникарите и полицијата го изгаснаа огнот и го прекинаа собирот
И во Штип дојде и до нарушување на јавниот ред и мир. Демонстрантите запалија гуми на улица, по што интервенираше Пожарната служба со цел да го изгасне огнот и да овозможи нормализирање на состојбата.
Во вечерните часови транзитниот пат во Струмица, кај Ромското маало беше под блокада од група граѓани. Тие се снимаа на социјалните мрежи говорејќи со револт за казните кои МВР започна да ги издава во рамки на системот „Безбеден град“. И Струмичани исто така можеа да забележат чад и оган во овој дел на градот.








