Полицијата во Гостивар поднесе кривична пријава против Ф.Ф.(48) од овој град поради фалсификување на исправа.
Пријавениот набавил фалсификувана македонска возачка која ја употребил како вистинска во Италија и која што му била одземена од италијанските власти, соопшти МВР во дневниот полициски билтен.






