домаМакедонијаГостиварчани 4-та недела без питка вода - се уште нема фиксен датум...

Гостиварчани 4-та недела без питка вода – се уште нема фиксен датум кога системот би бил целосно функционален

- Advertisement -spot_img

Квалитетот на водата во Гостивар се подобрува, но сè уште не е исправна за пиење, информира денеска директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов.

Според него, активно се работи на надминување на проблемот, во координација со сите надлежни институции.

Според дел од експертите вклучени во процесот на прочистување на водоводната мрежа, актуелниот проблем се очекува да биде надминат. Сепак, одржувањето на квалитетот на водата во иднина ќе зависи од локалните институции, кои мора да преземат соодветни мерки и да не дозволат повторување на пропустите.

Телевизија 24 го контактираше Центарот за јавно здравје во Гостивар. Оттаму кратко информираа дека состојбата континуирано се следи и дека институцијата е во координација со Кризниот штаб.

Проблемот со квалитетот на водата во Гостивар и денеска не помина без политички реакции. Политичките партии продолжија со меѓусебните обвинувања околу состојбата и начинот на кој надлежните институции се справуваат со проблемот.

Инаку, Телевизија 24 претходно известуваше и за проблемите со водоснабдувањето со кои се соочуваат дел од гостиварци, кои и пред појавата на епидемијата речиси и да немаа вода во своите домови. Во прилозите беше посочен и проблемот со недостигот од инфектолози во гостиварската болница, а државниот правобранител побара граѓаните да бидат ослободени од плаќање сметки додека не биде надминат проблемот.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img