домаМакедонијаГолема градежна акција во Бутел, три улици добиваат нов асфалт

Голема градежна акција во Бутел, три улици добиваат нов асфалт

- Advertisement -spot_img

Во населеното место Расадник започнаа активности за асфалтирање на повеќе улици, како дел од проектите за подобрување на локалната инфраструктура и условите за живот на жителите.

Во тек е поставување нов асфалт на улиците „Ангел Мојсковски“, „Александар Грличков“ и „Љубинка Басотава“, со што се продолжува обновата на сообраќајната мрежа во овој дел од општината.

Претходно беа реализирани реконструкции и на главната улица во населбата, како и на улиците 21 и 2, кои добија нов и подобрен изглед.

Од локалната самоуправа посочуваат дека вложувањата во инфраструктурата продолжуваат и во делови каде со години немало значајни инвестиции, со цел рамномерен развој и подобри услови за сите жители.

Со новите градежни зафати се очекува поголема безбедност во сообраќајот, подобра пристапност и поквалитетно секојдневие за граѓаните на Расадник.

Надлежните најавуваат дека инфраструктурните проекти ќе продолжат и во наредниот период, како дел од планот за модернизација и развој на општина Бутел.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img