Голем пожар ноќеска избувнал во скопската населба Шуто Оризари, при што изгореле неколку дуќани и кафулиња. Според првичните информации од терен нема повредени, но предизвикана е голема материјална штета.
Повеќе детали се очекуваат по завршување на увидот од Министерството за внатрешни работи.






