HomeМакедонијаГодинава Скопје ќе биде украсено за Нова година и ќе има новогодишна...

Годинава Скопје ќе биде украсено за Нова година и ќе има новогодишна прослава за што ќе бидат потрошени 70.000 евра

- Advertisement -spot_img

Годинава Скопје ќе биде украсено за Нова година и ќе има новогодишна прослава за што ќе бидат потрошени 70.000 евра, кажа градоначалникот на главниот град Орце Ѓорѓиевски на денешната седница на Советот на Град Скопје за ребаланс на буџетот.

Со буџетот за 2025 година пари за новогодишно украсување и прослава на Нова година немаше предвидено бидејќи ексградоначалничката Данела Арсовска не распишуваше тендер за китење. Градот минатите години се китеше 10 дена пред Нова година, но Арсовска никогаш не кажуваше кој кител и како е платен, кога немало тендер.

„Градоначалник, најавивте дека оваа година ќе го китите Скопје и дека ќе има забава за скопјани. Оваа идеја доколку се работи за умерено трошење на пари е за поздравување бидејќи жалните слики на Скопје пред празниците треба да ни бидат минато. Меѓутоа не ни е јасно од која ставка во ребалансот се предвидени средства за изведувачите на прославата и колку се тие пари“, праша советничката од СДСМ Кети Штерјова.

Ѓорѓиевски одговори дека во моментов не знае точно од која програма се кратат пари за да има празнично украсување.

„За прослава на Нова година ќе има 70.000 евра. Сметам дека тоа не е премногу и е сосема нормално за да имаме една достоинствена прослава на новогодишните празници“, рече Ѓорѓиевски.

За китење на градот треба да се спроведе тендерска постапка на која ќе биде избрана фирма.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img