домаМакедонијаГоцевски: Аџиќ се заканил дека ќе го срамни Скопје, Глигоров не отстапил

Гоцевски: Аџиќ се заканил дека ќе го срамни Скопје, Глигоров не отстапил

- Advertisement -spot_img

Зад приказната за мирното осамостојување на Македонија стоеле моменти во кои државниот врв бил директно изложен на вооружени закани. Првиот цивилен министер за одбрана Трајан Гоцевски, во интервју за ТВ 24, открива детали од февруари 1992 година, непосредно пред договорот за повлекување на ЈНА од Македонија, пишува во својот текст Денко Малески

На 21 февруари 1992 година, претседателот Киро Глигоров и Гоцевски тргнале кон Домот на ЈНА во Скопје, каде веќе бил генерал Благоје Аџиќ. Според сведоштвото на Гоцевски, на покривот имало снајперисти, а двајцата биле опколени од околу 40 вооружени војници и насилно внесени во објектот.

Гоцевски раскажува дека војниците ги туркале по скалите и го удирале со автоматите кога се обидувал да забави за да му остави простор на Глигоров. Кога им посочил дека пред нив е шефот на македонската држава, реакцијата на војниците, според неговото сведоштво, била целосно омаловажувачка.

Во просторијата ги чекал Аџиќ, кој му порачал на Глигоров дека дошол да го уапси македонското раководство, а на Гоцевски му кажал дека нема да има повлекување на армијата. Потоа следувале и закани дека југословенската авијација може да го нападне и разурне Скопје, почнувајќи од претседателската резиденција.

И покрај едночасовниот притисок и заканите, Глигоров не се откажал од претходно договорените официјални разговори. Преговорите почнале во 11 часот и траеле до доцна попладне, а на крајот Аџиќ се согласил да го потпише документот за повлекување на ЈНА.

Но, според Гоцевски, генералот барал договорот да не биде веднаш објавен и повторно се заканувал со авијацијата доколку македонската страна постапи поинаку. По неговото заминување, западни дипломати инсистирале постигнатиот договор веднаш да стане јавен, па информацијата за повлекувањето на ЈНА била објавена уште пред авионот на Аџиќ да слета во Белград.

Поранешниот министер вели дека и повеќе од три децении подоцна го прогонува споменот од просторијата во која тој и Глигоров биле насилно внесени. Неговото сведоштво отвора малку позната страна од периодот во кој Македонија ја заокружувала независноста додека во непосредното соседство веќе беснееле војните по распадот на Југославија.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img