Германските работодавци планираат понатамошно намалување на работната сила, е заклучокот од септемврискиот извештај објавен денес од Институтот за економски истражувања IFO од Минхен.
Вредноста на индексот, кој ја оценува подготвеноста на германските компании за вработување, падна од 93,8 поени во август на 92,5 поени, што е најниско ниво од јуни 2020 година.
Расположението на пазарот на трудот сè уште не е добро, па затоа многу компании одложуваат со вработувањето, предупреди раководителот на истражувањето на IFO, Клаус Волрабе.









