3.8 C
Skopje
16 February, 2026

Мапа

независен информативен портал
spot_imgspot_imgspot_img
HomeСветГерманија предупредува: Одложувањето на дигиталното евро ѝ штети на Европа

Германија предупредува: Одложувањето на дигиталното евро ѝ штети на Европа

- Advertisement -spot_img

Германскиот вицеканцелар и министер за финансии Ларс Клингбајл изјави дека одложувањето на дигиталното евро претставува штета за Европа, во момент кога предлог-законот е блокиран во ЕП.

„Секој што во оваа ситуација не разбира дека е неопходно што побрзо да се придвижи дигиталното евро – не ѝ служи на Европа, туку ѝ штети“, изјави Клингбајл пред состанокот на министрите од еврозоната во Брисел.

Предлогот, инициран од Европската комисија, моментално е предмет на преговори меѓу европските институции, но европратениците сè уште немаат усогласена позиција.

Поделби во Европскиот парламент

Известувач за досието е шпанскиот европратеник Фернандо Наварете од ЕПП, кој предлага редизајн на дигиталното евро со значително намалување на неговиот опсег.

ЕПП е поделена по ова прашање, при што германската делегација активно го поддржува проектот. Доколку Парламентот не постигне договор, законодавството нема да може да продолжи во следната фаза.

Гласањето се очекува во мај

Што претставува дигиталното евро?

Дигиталното евро би било електронска форма на готовина издадена од Европската Централна банка и тоа би служело како дополнување на готовината и картичките, би овозможило директна употреба на „јавни“ дигитални пари, би функционирало и онлајн и офлајн и би обезбедило плаќања што не се следат.

Клингбајл потенцираше дека готовината ќе остане во оптек и дека дигиталното евро нема да ја замени

Алтернатива на Visa и Mastercard?

Иницијативата доби дополнително значење поради економските тензии меѓу ЕУ и САД. Во моментов, американските компании Visa и Mastercard доминираат во европскиот платен систем.

Според податоци од ЕЦБ за 2025 година 61% од картичните плаќања во Европа се обработуваат преку Visa и Mastercard и речиси 100% од прекуграничните трансакции зависат од овие системи

Експертите предупредуваат дека ова ѝ дава значително влијание на странски актери врз европската економија.

Сепак, во изменетиот предлог на Наварете, дигиталното евро не би било директна алтернатива на овие системи.

Прашање на сувереност

За германската влада, дигиталното евро е прашање на економска и технолошка сувереност.

Доколку законодавството биде усвоено, ќе започнат тријалози меѓу Европската комисија, Европскиот парламент и Советот на ЕУ.

Одлуката што ќе се донесе во мај може да има долгорочно влијание врз финансиската архитектура на Европа.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img