8.8 C
Skopje
30 January, 2026

Мапа

независен информативен портал
spot_imgspot_imgspot_img
HomeРегион„Геополитикал Фјучрс“: Протестите во Србија на крстопат – судир на внатрешни тензии...

„Геополитикал Фјучрс“: Протестите во Србија на крстопат – судир на внатрешни тензии и големи сили

- Advertisement -spot_img

Американскиот портал „Геополитикал Фјучрс“ оценува дека протестите во Србија, кои почнаа кон крајот на минатата година и прераснаа во најголемата граѓанска мобилизација во современата српска историја, се наоѓаат на пресвртна точка. Според анализата, немирите во земјата не можат да се гледаат одвоено од борбата за влијание меѓу Вашингтон и Москва.

Поводот за протестите беше трагичниот инцидент во Нови Сад, кога се урна настрешница на железничката станица и загинаа 16 лица. Оттогаш, демонстрациите се претворија во постојан притисок врз власта на Александар Вучиќ. Поддржувачите на владата ги опишуваат демонстрантите како насилници, додека противниците обвинуваат дека власта намерно провоцира хаос за да ги оправда своите репресивни мерки.

Вучиќ ги нарекува протестите „обид за обоена револуција“ организирана од странски фактори. Дополнително масло на огнот долеваат изјавите на српски функционери – како онаа на Ивица Дачиќ, кој тврдеше дека меѓу приведените има и странски државјани обучени во разузнавачки техники.

Според порталот, ваквиот наратив се вклопува во регионална стратегија што ја користат и други влади во Централна Европа – Унгарија и Словачка – кои, исто така, обвинуваат Западни центри дека сакаат да ги соборат нивните власти. Овие тврдења се дополнително засилени од руските разузнавачки служби, кои тврдат дека Европската комисија подготвува „промена на режимот“ во неколку земји, меѓу нив и Србија.

„Геополитикал Фјучрс“ нагласува дека протестите во Србија не се само локален политички феномен. Србија, како земја кандидат за ЕУ, но со длабоки врски со Москва, е заробена во геополитичко натегање. За Брисел и Вашингтон е клучно Србија да остане во европскиот камп, додека за Русија Белград е едно од ретките преостанати упоришта во Европа.

Авторот предупредува дека кризата може да има последици и надвор од Србија – врз Унгарија и Словачка, кои зависат од руската енергија и се обидуваат да одржат баланс меѓу Западот и Москва. Во ваков контекст, секоја дестабилизација во Србија може да отвори нов фронт на криза за ЕУ и НАТО.

Заклучокот на анализата е јасен: протестите во Србија се повеќе од внатрешна политичка борба. Тие претставуваат дел од пошироката геополитичка битка за иднината на Балканот и позиционирањето на Србија меѓу Истокот и Западот.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img