Претседателот на Собранието Африм Гаши од денеска до 7 февруари ќе престојува во официјална посета на Вашингтон.
За време на посетата, Гаши ќе учествува на Националниот молитвен појадок (National Prayer Breakfast), еден од најзначајните традиционални настани во САД и ќе оствари средби со американски конгресмени и претставници на меѓународни партнерски организации, со фокус на зајакнување на институционалното и политичкото партнерство.
Во рамки на посетата, претседателот на Собранието ќе се обрати на Форумот за безбедност во Американскиот конгрес, на кој ќе учествуваат лидери од европските земји и претставници на Американскиот конгрес, каде што ќе се дискутира за инвестициите во областа на одбраната, регионалната безбедност и трансатлантското партнерство. Гаши ќе биде дел и од панел-дискусијата на конференцијата „Balkans Forward Summit“, организирана од Атлантскиот совет.
– Целта на посетата е продлабочување на односите со Соединетите Американски Држави и унапредување на соработката во областа на демократијата, безбедноста и интеграциите, велат од собраниската прес-служба.









