домаМакедонијаГаши: Охридскиот рамковен договор останува столб на мирот, еднаквоста и соживотот

Гаши: Охридскиот рамковен договор останува столб на мирот, еднаквоста и соживотот

- Advertisement -spot_img

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, по повод 25-годишнината од Охридскиот рамковен договор порача дека документот и по четвртина век останува важен столб на уставната и институционалната архитектура на Северна Македонија.

Во соопштението по повод годишнината, Гаши оцени дека Охридскиот рамковен договор претставувал политички и институционален одговор на кризата во 2001 година, заснован врз одговорност, дијалог и визија за иднината.

„Пред сè, тој ги постави мирот, дијалогот и еднаквоста во основата на градењето одржливо општество“, наведе претседателот на Собранието.

Според Гаши, 25 години по потпишувањето, значењето на договорот треба да се разгледува надвор од дневнополитичките разлики и различните толкувања.

Тој нагласи дека сегашните генерации имаат обврска поуките од Охридскиот договор да ги преточат во трајни демократски стандарди и во натамошно зајакнување на соживотот.

„Република Северна Македонија е заеднички дом за сите нејзини граѓани. Нејзината сила не лежи во разликите што нè делат, туку во способноста да ги претвориме во заеднички вредности“, порача Гаши.

Според него, по 25 години, фокусот повеќе не треба да биде само на прашањето што е постигнато со договорот, туку и на тоа каква држава ќе им биде оставена на идните генерации.

Гаши повика годишнината да биде заедничка обврска за политичките претставници и институциите да го зачувуваат мирот преку дијалог, да ја зајакнуваат еднаквоста и да го градат соживотот преку конкретни постапки.

„Нека секоја идна генерација го наследи Охридскиот договор како пресвртница во историјата и како жива вредност на државата“, се наведува во пораката на претседателот на Собранието.

Охридскиот рамковен договор беше потпишан на 13 август 2001 година и стави крај на вооружениот конфликт во земјата, поставувајќи рамка за уставни и законски промени во насока на унапредување на правата на заедниците и меѓуетничките односи.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img