Претседателот на Собранието, Африм Гаши, на денешниот брифинг со новинарите истакна дека тој е поборник на идејата за одржување редовни избори.
– Јас сум поборник на идејата за редовни избори. Мислам дека ни недостига политичка и економска стабилност. Ако цело време правиме предвремени избори, креираме некоја политичка и економска нестабилност. Мислам дека треба да настојуваме да ги завршуваме мандатите и потоа граѓаните да не ценат по тоа колку сме реализирале од она што сме го ветиле од програмата, рече Гаши на брифингот по одржаната координација со координаторите на пратеничките групи.
Прашан дали треба да постои или да се укине Пржинската влада, Гаши одговори дека стабилна влада и како членка на НАТО не е угледно да се формираат технички влади за организирање на предвремени избори.









