8.8 C
Skopje
30 January, 2026

Мапа

независен информативен портал
spot_imgspot_imgspot_img
HomeМакедонијаГаши: Албанскиот јазик е незаменлив елемент на нашата општествена кохезијa

Гаши: Албанскиот јазик е незаменлив елемент на нашата општествена кохезијa

- Advertisement -spot_img

Претседателот на Собранието Африм Гаши во честитка по повод Денот на албанската азбука – 22 Ноември, истакнува дека овој ден претставува еден од најважните моменти во историјата на албанскиот народ, кога биле поставени основите на унифицираната азбука, давајќи му на албанскиот јазик сила на единство и идентитет.

– Како претседател на Собранието на Република Северна Македонија, каде Албанците се државотворен народ и каде јазикот претставува уставно загарантирана вредност, албанскиот јазик го сметам за незаменлив елемент на нашата општествена кохезијa. Мојата заложба останува јасна, дека албанскиот јазик треба да се третира со достоинство, еднаквост и почит на секое институционално ниво. За мене лично, овој ден претставува гордост, а азбуката е наследство што ги отелотворува нашите корени и аспирации. На сите Албанци каде и да се наоѓаат, честит 22 Ноември – Ден на албанската азбука!, наведува Гаши во честитката.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img