5.8 C
Skopje
1 February, 2026

Мапа

независен информативен портал
spot_imgspot_imgspot_img
HomeСпортФудбалските репрезентативци до 19 години ја совладаа селекцијата на БиХ и во...

Фудбалските репрезентативци до 19 години ја совладаа селекцијата на БиХ и во вториот пријателски натпревар

- Advertisement -spot_img

Македонскатата репрезентација до 19 години ја совлада селекцијата на Босна и Херцеговина во вториот пријателски натпревар.

Денеска во Струмица, Македонија славеше триумф од 2:1.

Најголемите возбудувања во првиот дел се случија после 30 минути игра. По половина час игра, беше досуден пенал за Македонија. Сигурен реализатор на ударот од белата точка беше Стефан Младеновски кој успеа да ја донесе македонската репрезентација во предност. Радоста на Македонија траеше три минути, откако Спахиќ со убав удар од дваесетина метри го совлада Бешир и донесе израмнување.

На стартот од вториот дел ново водство за Македонија. Грешка на одбраната на гостите, топката стигна до Игор Ристов, кој успеа да го совлада Каисер и да донесе втора предност за нашата репрезентација на овој натпревар. До крајот Македонија успеа да го задржи водството, дури имаше и шанси за трет гол, но недостастуваше реализција.

Во првиот меч меѓу овие две селекции пред два дена, Македонија славеше со 2-0 во Радовиш.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img