„Ние Бугарите треба да се придржуваме до францускиот предлог, како и вие што треба да се придржувате до францускиот предлог и тоа беше заедничката точка, каде што и покрај сите тензии можевме заедно да направиме чекор напред. Политичарите се менуваат, договорите се трајни“, вели поранешниот премиер на Бугарија, Кирил Петков во ексклузивно интервју за Телма на тема Македонија- Бугарија со фокус на евроинтеграциите. Со него разговараше Срѓан Стојанчов.








