HomeШоубиз(Фото) Серена Вилијамс откри дека ослабела со „оземпик“

(Фото) Серена Вилијамс откри дека ослабела со „оземпик“

- Advertisement -spot_img

Пензионираната тениска икона Серена Вилијамс (43) изгледа подобро од кога било, а тоа го докажа со серија фотографии во жолт костим за капење, што ги објави на „Инстаграм“.

dobivaj vesti na viber

Таа ги покажа фотографиите откога неодамна разговара со „Пипл“ за своето патување кон слабеење и откри дека ослабела повеќе од 14 килограми со помош на лекот GLP-1.

На фотографиите 23-кратната освојувачка на гренд слем позира самоуверено во вода до колена носејќи едноделен жолт костим за капење со исечок во средината. Изгледот го комплетира со зелен шал околу вратот и црни очила за сонце.

Таа тренира напорно, но немаше напредок
Серена, мајка на шестгодишната Олимпија и на едногодишната Адира, неодамна отворено проговори за своите проблеми со тежината.

Нејзините проблеми со тежината, вели таа, почнале по раѓањето на првата ќерка Олимпија во 2017 година.

„Никогаш не можев да ја достигнам тежината што требаше да ја имам, без разлика што правев, без разлика колку тренирав“, објасни таа. „Беше лудо затоа што никогаш во мојот живот не сум била во ситуација во која работев толку напорно и се хранев здраво, а сепак не можев да ја достигнам тежината што ја сакав“.

Прославената тенисерка нагласи дека исходот од нејзината напорна работа се променил по бременоста.

„Беше многу фрустрирачки да ги правам сите исти работи и никогаш да не можам да го променам тој број на вагата или начинот на кој изгледаше моето тело“, рече таа.

Серена користи „оземпик“
Таа доживеа слични тешкотии по раѓањето на втората ќерка Адира во август 2023 година. Иако изгуби многу тежина во првите две недели, процесот запре по тоа.

„Не изгубив ниеден килограм по тоа“, откри таа.

Тогаш се обратила во „Ро“ за помош, компанија што нуди поддршка со третман со лекови од групата GLP-1, меѓу кои се популарните „оземпик“ и „мунџаро“. Таа нагласи дека направила темелно истражување и се консултирала со својот лекар пред да донесе одлука.

Почнала да прима неделни инјекции на почетокот на 2024 година, околу шест месеци по раѓањето на Адира, кога престанала да дои. Оттогаш, вели таа, се чувствува подобро од кога било.

„Едноставно, можам да правам повеќе. Поактивна сум. Зглобовите не ме болат толку многу“, сподели таа, но забележа дека нејзината самодоверба и љубовта кон себе не се промениле.

„Губењето тежина никогаш не треба навистина да ја промени вашата слика за себе“, рече таа. „Жените честопати доживуваат осудување за своите тела, без оглед на големината, и јас го знам тоа. Затоа верувам дека треба да се сакате себеси во која било големина, без оглед на тоа како изгледате“.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img