По речиси девет години љубов, популарниот пејач Саша Ковачевиќ и неговата долгогодишна партнерка Зорана Тасовац ја крунисаа својата врска со брак.
Парот, кој наскоро ќе стане родители, одлучил венчавката да ја организира далеку од очите на јавноста, во кругот на најблиските роднини и пријатели. Информацијата за свадбата стана позната дури откако на социјалните мрежи се појавија фотографии и видеа од свечениот настан.

Зорана блескаше во елегантна венчаница од тантела, додека Саша се појави во класичен црн костум. Свадбената церемонија се одржала во локал под отворено небо, покрај вода, создавајќи романтична атмосфера за младенците и нивните гости.
За првиот свадбен танц тие ја избрале емотивната песна „У тебе сам заљубљен“ од Роѓа Раичевиќ, а во текот на вечерта Саша им приредил дополнително изненадување на присутните, запевајќи неколку песни.

Ова е прв брак за Саша Ковачевиќ, додека за Зорана е втор. Таа од претходниот брак со Богдан Срејовиќ ја има ќерката Искра.
Со венчавката и веста дека го очекуваат своето прво заедничко дете, парот започнува ново и возбудливо поглавје во животот.









