-6.2 C
Skopje
1 January, 2026

Мапа

независен информативен портал
spot_img
HomeРегион(ФОТО) Одличен гест! Перканоска во име на РСБСП на првото родено бебе...

(ФОТО) Одличен гест! Перканоска во име на РСБСП на првото родено бебе во Прилеп му подари седиште за во автомобил

- Advertisement -spot_img

Првото бебе во Новата година во Прилеп е машко, се роди два часа после полноќ. Ќе се вика Герасим и тој е втора рожба на мајката Софија.

Утрово покрај претставници од локалната самоуправа, мајката и бебето, како претставник на Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот ги посети и Даниела Перканоска – Генерален менаџер на “Авто Контрол”.

Покрај желбите за здравје и среќна Нова година, Перканоска како симбол за безбедност во сообраќајот на најмалите патници, во името на РСБСП, на мајката и’ подари седиште за во автомобил.

РСБСП преку овој гест потсетува на важната улога која сите ние ја имаме во безбедноста на сообраќајот и нашиот придонес кон унапредување на заедничката сообраќајна култура и свест.

„По повод Новата година, РСБСП упатува искрени честитки со желба 2026 година да биде година на безбедни патишта, одговорни учесници во сообраќајот и среќни семејства”, порача Даниела Перканоска.

Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот за време на празниците апелира до сите возачи: “Прославувајте одговорно и не возете под дејство на алкохол”.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img