домаШоубиз(ФОТО) Горан Винчиќ Винча ги освои скопјани: Шегите од секојдневниот живот донесоа...

(ФОТО) Горан Винчиќ Винча ги освои скопјани: Шегите од секојдневниот живот донесоа солзи во очите – од смеење!

- Advertisement -spot_img

Синоќа во Филхармонија Горан Винчиќ Винча, признаен и почитуван стенд ап комичар во регионот, го имаше првиот настап пред скопјани. Атмосферата ја загреа Марко Драговиќ во негов стил и главно зборуваше за сексот и годините, а направи и одлична комуникација со неколку лица во првите редови.

За тоа како си поминал на првиот настап на својот во наши простори на неговиот профил на Фејсбук објави и самиот Винча…со зборовите „Фала Скопје. Фала Македонија. Фала на организацијата @password.production i @taksiratfestival а во позадина ја пее „Зајди зајди јасно сонце“ од Тоше Проески. Винча е и одличен пејач што можеби ќе го видиме и слушнеме во некоја друга пригода.

https://www.facebook.com/share/p/1BUq3y7T3Y

Винча не е само комичар, туку и актер и пејач. Синоќа не го видовме во улогата на пејач но првите две беа доволни да ни донесе солзи во очите-од смеење. Ни,направи одличан тренинг на стомачните мускули.
Винча не е потполно непознат на македонската публика бидејќи од жена до која седев и нејзините пријателки можев да забележам дека се запознаени со неговата работа.


И, не бадијала Винча оваа турнеја ја крстил „Комедијата е сериозна работа“, бидејќи на негов оригинален начин зборувајќи за секојдневни теми, како и сексот, не освести за многу работи. Не насмеа но и стави во мисла околу нашите ставови, сфаќања за животот и секојдневието. Ни раскажа, на негов хумористичен начин случка со најстариотсин кога биле во Луна парк, ги прашуваше присутните во првите редови со што се занимаваат па потоа следеа шеги на нивна сметка, но имаше многу и на негова сметка. Но, никој не се налути, напротив, како сите од него да го очекувавме тоа-да не потсети на денешницата и да не насмее. Но, и да не бидеме хомофобични, себични, да си ги сакаме соседите….но ни покажа и докажа кој ги воспитува децата.

Едноставно, Винча одржа час по многу теми, а времето за неговиот настап мина во миг.
И, кога ја заврши својата претстава едноставно ни соопшти дека ќе оди неколку минути да се измие и же се врати да се слика со секој што сака да има фотографија со него.
Нешто што до сега не сме го виделе на македонските сцени, но можеби тоа е и една од причините поради кои Горан Винчиќ е Винча. Многу познат и популарен во регионот но и пошироко.


Му пречеа телефоните па замоли да не ги користиме и ништо не можеше да му избега. Ниту колку жени излегоа па се вратија во салата, кој го има вклучено телефонот. И, тоа беше добро – бидејќи ако сме дошле да го гледаме и слушаме вниманието требаше да ни биде насочено кон тоа што го зборуваше и дискутираше со поедини посетители.

И’, Винча успеа во тоа бидејќи Филхармонија никогаш побавно не се празнела. А, на влезот многу луѓе стоеа и ги раскаживаа неговите шеги.
А,кога ќе видиме такво нешто знаеме дека сме присуствувале на одлична претстава, или концерт во други случаи.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img