5.8 C
Skopje
30 January, 2026

Мапа

независен информативен портал
spot_imgspot_imgspot_img
HomeМакедонијаФорум за користење на податоците за вистинските сопственици во борбата против корупцијата

Форум за користење на податоците за вистинските сопственици во борбата против корупцијата

- Advertisement -spot_img

Тематски форум за користење на податоците за вистинските сопственици во борбата против корупцијата што ќе се одржи денеска во организација на Центарот за граѓански комуникации.

Воведни обраќања посветени на важноста на информациите за вистинските сопственици како критична алатка за откривање, спречување и казнување на корупцијата, судирот на интереси и злоупотребата на јавните ресурси ќе имаат претседателот на Центарот за граѓански комуникации Герман Филков, швајцарскиот амбасадор Кристоф Зомер и заменик-претседателот на Владата задолжен за добро владеење Арбен Фетаи.

Потоа следи панел дискусија, посветена на состојба, предизвици и можности за користење на податоците за вистинските сопственици во борбата против корупцијата и препораки за унапредување, при што клучните наоди од истражувањата ќе ги презентира програмска директорка на Центарот за граѓански комуникации Сабина Факиќ, а за актуелната состојба со користењето на податоците за вистинските сопственици ќе говорат директорката на Централен регистар Анита Стамнова, директорката на Бирото за јавни набавки Маре Богева Мицовска, додека на тема унапредување на користењето на податоците за сопственоста ќе се обратат претседателот на Државната комисија за спречување на корупцијата Адем Чучуљ и новинарската од БИРН, Фросина Димеска.

-Информациите за вистинските сопственици се критична алатка за откривање, спречување и казнување на корупцијата, судирот на интереси и злоупотребата на јавните ресурси, особено кога ќе се вкрстат со другите расположливи податоци како склучени договори за јавни набавки, интереси и имотна состојба на избраните и именуваните лица, донации на политички партии итн. Две неодамнешни истражувања спроведени во Северна Македонија покажуваат дека, и покрај формалното воспоставување на Регистар на вистински сопственици, неговиот потенцијал останува во голема мера неискористен во системот за борба против корупцијата. Ограничениот пристап, недоследностите на податоците, слабите механизми за верификација, недостатокот на институционална интероперабилност и недоволниот јавен надзор значително ја намалуваат превентивната и истражната вредност на податоците за вистинските сопственици, се наведува во соопштението на Центарот.

Врз основа на наодите од истражувањата и на светската практика на користење на податоците од Регистрите на вистински сопственици, се додава во соопштението, ќе се изработи документ за јавни политики со препораки за подобрување на користењето на информациите за вистинските сопственици во борбата против корупцијата во земјава.

-Пред да се објави овој документ, планирано е за време на форумот пред претставници на сите вклучени и засегнати страни да се престават состојбите, утврдените проблеми и можностите, и заеднички да се финализираат препораките за мерките и активностите што треба да се преземат за натамошно унапредување на користењето на податоците за вистинските сопственици во борбата против корупцијата во земјава, се вели во соопштението.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img