5.8 C
Skopje
30 January, 2026

Мапа

независен информативен портал
spot_imgspot_imgspot_img
HomeЕкономијаФондот на ПИОМ потпиша договор за размена на податоци по електронски пат...

Фондот на ПИОМ потпиша договор за размена на податоци по електронски пат со Фонд на Република Српска

- Advertisement -spot_img

Во Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Македонија е потпишан Договор за електронска размена на податоци. Договорот го потпишаа директорот на Фондот, Никола Мемов и директорот на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Република Српска, Младен Милиќ.

Директорот на Фондот на ПИОСМ, Мемов рече дека со потпишувањето на овој Договор се заокружува регулирањето на размената на податоците од оваа област со државите од поранешна Југославија и претставува чекор напред во соработката што е секако во интерес и на корисниците на услугите на Фондот. Тој додаде дека соработката со Фондот на Република Српска во наредниот период треба да се прошири со размена на други податоци од интерес на двата Фонда, а со што ќе се олесни и забрза процесот на остварувањето на правата од оваа област.

Директорот на Фондот на ПИО на Република Српска, Милиќ, истакна дека потпишувањето на Договорт е заоркужување на еден процес кој треба да придонесе во точноста на податоците кои се користат и разменуваат. Тоа, како што потенцира Милиќ, ќе овозможи да се исклучат можните грешки и да се подигне квалитетот на услугите за осигурениците од двете земји.

Договорот предвидува размена на податоци потребни за редовна исплата на пензија поради спречување на неосновани исплати поради смрт на корисникот на пензија меѓу Фондот на ПИОСМ и Фондот на ПИО на Република Српска. Со него се регулира и целта, начинот на размена, обемот и видот на податоците кои се разменуваат и управувањето со нив, како и нивната запштита.

На средбата беше потпишан и Технички Протокол за спроведување на Договорот, од страна на Нехат Мустафа, директор на сектор за информатика и Велибор Максимовиќ, помошник директор за информатичка технологија. Исто така беа назначени и контакт лица за непречена и навремена комуникација за сите прашања што ги покрива истиот.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img