домаМакедонијаФон дер Лајен в петок доаѓа во Скопје

Фон дер Лајен в петок доаѓа во Скопје

- Advertisement -spot_img

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, в петок доаѓа во Скопје како дел од нејзината турнеја низ земјите од Западен Балкан.

Фон дер Лајен, како што соопшти нејзиниот кабинет, ќе има средби со претседателката Гордана Силјановска-Давкова и со премиерот Христијан Мицкоски. Ќе се разговара за европската перспектива на земјата и регионот и за процесот на пристапување кон ЕУ. Се очекува да стане збор и за проблемот со Бугарија и за можностите за негово надминување.

Турнејата низ Западен Балкан претседателката на ЕК ќе ја почне на 30 септември со Албанија по што ќе ги посети Косово и Црна Гора.

Овој пат Србија и Босна и Херцеговина нема да бидат дел од нејзината агенда. Портпаролката на Европската комисија, Аријана Подеста, соопшти дека двете земји се изоставени бидејќи се подготвуваат за избори. Србија ќе одржи предвремени парламентарни избори на 25 октомври, а во Босна и Херцеговина се закажани општи избори на 4 октомври.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img