Целосно стоиме зад Северна Македонија на нејзиниот пат кон ЕУ. Може да сметате на нас, напиша на социјалната мрежа „Х“ претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, по средбата во Владата со премиерот Христијан Мицкоски.
„Вашиот следен и единствен чекор пред отворањето на преговорите е јасен, а тоа е да ги направите уставните измени. Топката е во Вашиот двор. ЕУ е подготвенам напиша кусо Фон дер Лајен.
Претседателката на ЕК Фон дер Лајен денеска допатува во Скопје. За време на престојот во Скопје оствари средби со македонската претседателка Гордана Сиљановска-Давкова и со претседателот на Собранието, Африм Гаши.






