HomeМакедонијаФилипче: Спасовски останува координатор на пратеничката група на СДСМ

Филипче: Спасовски останува координатор на пратеничката група на СДСМ

- Advertisement -spot_img

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче денеска изјави дека Оливер Спасовски ќе продолжи да ја извршува функцијата координатор на пратеничката група на партијата во Собранието.

Филипче појасни дека оставката што Спасовски ја понудил меѓу двата изборни круга произлегла од „недоразбирање од техничка природа“, кое, како што рече, било расчистено во меѓувреме.

„Разбирам зошто реагираше, бидејќи настана непријатна ситуација која не беше намерна или тенденциозна. Разговаравме и по расчистувањето на недоразбирањето, Спасовски останува координатор“, изјави Филипче.

Но, поранешниот министер за внатрешни работи претходно даде поинакво образложение за оставката. Спасовски изјави дека се повлекол во моментот кога СДСМ подготвувал резолуција со која Собранието ќе биде обврзано до 10 февруари 2026 година да ја заврши постапката за уставните измени поврзани со „црвените линии“ во односите со Бугарија.

Тој тогаш нагласи дека барал да биде сменет од координаторската функција затоа што бил против таков чекор на партијата.

Иако документот беше најавен, резолуцијата на СДСМ сè уште не е доставена до Собранието на разгледување.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img