домаМакедонијаФилипче од Крушево: Илинденците се бореа за слобода, ние денес се бориме...

Филипче од Крушево: Илинденците се бореа за слобода, ние денес се бориме против корупцијата и изолацијата

- Advertisement -spot_img

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, од Крушево порача дека вредноста на сеќавањето на Илинден е во градењето подобра иднина за граѓаните.

Филипче, по повод 2 Август – Илинден, оддаде почит на хероите на Илинденското востание и Крушевската Република, посочувајќи дека нивната борба била за слобода, правда и право на народот сам да ја одлучува својата судбина.

„Денес, повеќе од еден век подоцна, имаме должност да го продолжиме токму тој пат. Македонија не смее да остане заробена во минатото. Не смее да биде држава во која младите заминуваат, во која пензионерите едвај преживуваат, во која водата за пиење е опасна, а институциите служат на тесен круг луѓе. Сеќавањето на Илинден има вистинска вредност само ако ни служи да градиме подобра иднина. Затоа ние се бориме за Македонија во која владее правото, а не партискиот интерес. За Македонија во која има чиста вода, достоинствени плати и перспектива за младите. За Македонија која е дел од европското семејство – слободна, демократска и просперитетна“, рече Филипче.

Тој додаде дека денешната борба, како што рече, е против корупцијата, изолацијата и „лажниот патриотизам што ја држи државата во место“.

„Ние се сеќаваме на минатото. Но ја избираме иднината. За многу години Илинден! Да живее Македонија“, истакна претседателот на СДСМ, Филипче.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img