Мицкоски предлага лидерска на 14 ти јануари Филипче смета дека нема потреба од тоа. Како што посочи премиерот во изјавите освен укинувањето на техничката влада предлог било да се дискутира и за реформските закони неопходни за реформската агенда, народниот правобранител кој се уште чека двотретинското мнозинство во собранието, но и теми за кои лидерите на партиите можеле заеднички да дискутираат.
Иако првиот опозиционер Филипче денеска се изјасни дека не гледа потреба од таква лидерска сепак Мицкоски ваквиот став го оцени како не сериозен и уште еднаш потенцираше дека наредните денови ќе ги достават поканите до лидерите на парламентарните партии .
Лидерот на СДСМ Венко Филипче пак одлуката да не учествува на лидерската ја темелеше на како што рече немањето потреба за измени во законот за влада односно не гледа причина за укинување на техничката влада и обвини дека актуелната узурпирала се и ставила рака на како штоп рече сите општествени свери.
Владиниот коалициски партнер ВРЕДИ пак ја поздравија иницијативата на премиерот и велат ќе ја чекаат поканата па ќе донесат одлука .
– Ја поздравуваме иницијативата на премиерот за лидерска средба . Влен секогаш е отворена за средби кои имаат за цел функционирање на институциите и наоѓање решенија во интерес на граѓаните . Секоја ваква покана или или иницијатива која стига на наша адреса одговорно ќе се разгледува и јавноста навремено ќе биде известена .
Од ДУИ пак засега без конкретен став дали ќе учествуваат на лидерската. Само кратко велат ќе почекале да им стигне поканата па ќе одлулат.
Целта за лидерска како што појасни премиерот е засите прашања да се постигне консензус иако како што рече моделот за укинување на Пржинската влада можеле да го решат и со 61 пратеник во законодавниот дом , но сметал дека треба акцент да се стави и на реформските закони и да се отвори посебна дискусуја на повисоко ниво односно на ниво на лидери на партии.







