Според податоци што ги објави Евростат Македонија минатата година имала најнизок животен стандард меѓу европските земји. Индексот на Македонија изнесува 49,7, при што просекот на Европската Унија е поставен на 100.
Тоа значи дека реалната потрошувачка по жител во земјата е на околу половина од просекот на ЕУ, што го позиционира македонскиот животен стандард на последното место во споредбата.
Податоците покажуваат дека пред Македонија се наоѓаат Турција, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Србија и Албанија, што ја прави земјата со најниска реална индивидуална потрошувачка во Европа според ова мерење, но се потенцира дека ова се проценети податоци за Македонија.
Овие бројки беа дополнителен мотив за политичките ривали Филпче и Мицкоски од собраниската говорница да си упатат обвинувања.






