Европските текстилни и модни компании денес предупредија дека кинеските платформи како „Шејн“, „Тему“ и „АлиЕкспрес“ го преплавуваат пазарот со евтини и нискоквалитетни производи, создавајќи нелојална конкуренција, штети врз животната средина и придонесувајќи за лоши услови за работа.
Во заедничко писмо до Европската комисија, индустријата бара итни мерки за запирање на растот на текстилниот отпад и ублажување на притисокот врз европските производители, објавува „Фигаро“.
Меѓу предлозите се укинување на ослободувањето од царински давачки за мали пратки под 150 евра, забрзување на истрагите и примената на санкции против платформите, како и принудување на овие кинески компании да назначат претставници во Европската Унија кои би можеле да бидат законски одговорни.
Фото: Pixabay






