домаМакедонијаЕвропа ја открива Преспа, неправедно запоставена со години

Европа ја открива Преспа, неправедно запоставена со години

- Advertisement -spot_img

Точката од која тргнавме за да ги направиме репортажите за Преспа беше селото Љубојно. Три дена во Преспа се малку за да се раскажат сите приказни на регионот. Сепак избравме неколку за кои сметаме дека ќе го предизвикаат вашето внимание.

Првата приказна ја објавивме минатата недела – Меѓу пеликани, цркви и древни приказни: Магијата на Голем Град во Преспа

Денеска пред вас е сторијата „Европа ја открива Преспа, неправедно запоставена со години“.

Сторијата е на Зоран Бојаровски, фотографиите на Надица Манева Ангеловски и Ангел Ангеловски, снимател е Игор Чадиноски, а продукцијата е на Рацин.мк (Motion Group).

Од средсело во Љубојно, патот не однесе над селото во црквата Свети Петар и Павле каде што не пречека д-р Мери Стојанова, етнолог во НУ Завод и Музеј Битола, координатор на проектот „Акт за Преспа“, кој во суштина е посветен на заштитата и афирмацијата на убавините и скапоцени реткости на регионот и богатото природно и културно-историски наследство.

„’Акт за Преспа’ е еден исклучително значаен проект не само за Преспа како регион, туку и за популаризација на сите оние вредности, пред се културни, коишто ги поседува регионот. И не само македонскиот дел од Преспа, туку генерално целиот Преспа регион како еден поширок трилатерален регион“, не информираше д-р Стојанова.

„Акт за Преспа“, ни рече таа ја завршува втората фаза,на овој тригодишен проект, којшто се реализира со поддршка на програмата „ЕУ за Преспа“ имплементирана од страна на Делегацијата на Европската Унија од Скопје.

Проектот се реализира во партнерство на пет институции, од коишто Завод и музеј Битола како водечка институција, невладината организација Здружение за развој на алтернативен туризам Љубојно од село Љубојно, потоа Архитектонскиот факултет при Аристотелис Универзитетот во Солун, Музејот на средновековна уметност или попознат како Музејот на икони од Корча Албанија и невладината организација Идеа за култура, исто така од Грција, од Воден.

Преспа во секој сегмент е неминовно атрактивна

Ја прашавме д-р Стојанова зошто Европа е толку заинтересирана за Преспа?

Јас би сакала да верувам дека тоа е заради неговите културни и природни карактеристики и вредности. Според мене, Преспа еден долг, долг период останувала, можеби и неправедно запоставена, не била во фокусот на интерес, на многу различни сегменти, на многу различни структури. Би сакала да верувам дека тоа е причината. Се разбира, тука е и неговата местоположба. Преспа е трилатерален регион. Преспанското Езеро, Езеро. Водите на Преспанското Езеро и целиот регион го споделуваат трите соседни држави. Така да сето тоа на различен аспект, од различен аспект дава своја додадена вредност на регионот и претпоставувам и на програмата.

Преспа очигледно има многу приказни што може да им ги раскаже на Европјани, но, што значи тоа за локалната заедница, за локалниот народ тука, ја прашавме д-р Стојанова.

Јас тука не би направила некоја реска граница меѓу тој социоекономски и културен потенцијал којшто Преспа го поседува, бидејќи неминовно и несомнено културното наследство коешто Преспа го поседува треба да биде еден од поголемите двигатели на развојот на регионот и во социоекономска сфера особено.

А прашањето останува како ние, како граѓани, не само како македонски граѓани, туку и како граѓани или посетители на Преспа, што е тоа што ние можеме да го дадеме и да го побараме за возврат, кога ќе речам побараме во смисла на инфраструктура, во смисла на услови кои што понатаму би можеле да се, вулгарно вака би рекла, да се продадат на останатите посетители и на луѓето кои што доаѓаат, а се вљубеници не само во културното наследство генерално, туку и на природното наследство, бидејќи Преспа во секој сегмент, без оглед во кој дел да зборуваме, е неминовно атрактивна.

„Акт за Преспа” е исклучително комплексен проект што покрива многу различни сегменти во неговата имплементација.

Стојанова истакнува дека во рамките на „Акт за Преспа”, во делот на инфраструктурните активности ќе се реализира третата фаза од замената на кровната конструкција на сарајот во Ресен.

„Во изминатите години се реализира конзервација на фреско живописот во црквата Света Петка во селото Брајчино, а се реализираат повеќе активности и работа со студенти од Архитектонскиот факултет од Скопје, со коишто Завот и музеј Битола има и меморандум за соработка, а и самиот проект има меморандум за соработка“, вели Стојанова.

Активностите со студентите се однесуваа на изготвување на техничка документација на неколку објекти во регионот на Преспа, помеѓу кои црквата „Св. Ѓорѓи“ во Ресен, црквата „Св. Богородица“ во Сливница, конакот во рамките на истата црква, манастирот „Св. Петар и Павле„ во селото Љубојно и един индивидуален објект како претставник на традиционалната архитектура на Преспа, којшто исто така се наоѓа во селото Љубојно.

Стојанова говореше и за соработката со партнерите од вредносен аспект и за тоа како они гледаат на нивното учество во овој голем проект.

Програмата на ЕУ Фор Преспа реално е нестандардна или невообичаена за проекти кога станува збор от типот на проекти за прекугранична соработка, бидејќи деведесет по сто од вкупниот буџет на проектите задолжително мораше да биде искористен за средства и за активности кои што се имплементираат на територијата на македонскиот дел од Преспа.

Д-р Мери Стојанова од НУ Завод и Музеј Битола, нашата соговорничка за вредностите на Преспа
Имаме не само партнерски однос, туку многу повеќе пријателски однос, бидејќи со дел од тие луѓе соработуваме и надвор од овој проект веќе одреден период на години од минатото и баш поради тие причини истите беа поканети да бидат партнери во овој проект.

Д-р Мери Стојанова од НУ Завод и Музеј Битола, нашата соговорничка за вредностите на Преспа, смета дека моментот на прекуграничната соработка, моментот на меѓуинституционалната и меѓучовечката соработка може и треба да биде еден од клучните моменти на кои што треба да се фокусираме во наредниот период.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img