домаСпортЕурофамр Пелистер го декласираше Партизан во Регионалната лига – салата во Битола...

Еурофамр Пелистер го декласираше Партизан во Регионалната лига – салата во Битола преполна

- Advertisement -spot_img

Македонскиот вицешампион Еурофарм Пелистер со убедлива победа ја отвори сезоната во новоформираната Регионална ракометна лига откако со 35:31 го доби српскиот шампион Партизан.

Српскиот тим парираше на почетокот од мечот во Битола, а потоа македонскиот тим започна да се одлепува и дојде до плус осум при 21:13 каде практично се беше решено и мечот одеше на рутина, а битолчани не форсираа и тоа го искористи Партизан за ублажување на поразот од конечни 35:31.

Кузмановски беше прво име со 15 погодоци на мечот, а кај српскиот тим се истакна Вагнер со десет реализации. Веќе в среда Еурофарм Пелистер ќе го пречека Ловќен, а пак Партизна ќе гостува кај Алкалоид во Автокоанда.

Салата „Боро Чурлевски“ во Битола беше преполна, а Еурофарм Пелистер имаше силна поддршка од верните навивачи.

Во однос а првото коло Дубочица со тесни 29:30 го доби Ловќен, Охрид со 29:19 го декласираше српскиот вицешампион Војводина, додека пак Панчево со 31:32 загуби од Будванска Ривијера. Вардар во Охрид го одигра мечот со Војводина од осмото коло превреме, каде македонскиот шампион со 36:30 го доби српскиот тим.

Александар Ванев, М-Нет

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img