домаСветЕУ УДРИ ПО TIKTOK: Платформата под истрага поради можни пропусти што ги...

ЕУ УДРИ ПО TIKTOK: Платформата под истрага поради можни пропусти што ги загрозуваат децата на интернет!

- Advertisement -spot_img

Европската унија започна нова постапка против TikTok, обвинувајќи ја популарната платформа дека можеби не ги почитува строгите правила за заштита на малолетниците на интернет.

Европската комисија тврди дека одредени карактеристики во начинот на кој е дизајнирана платформата можат да ги изложат децата на ризици како сајбер малтретирање и несоодветни контакти со други корисници.

Ова е веќе четврта постапка против TikTok во последните две години поврзана со усогласувањето со европските дигитални правила. Комисијата, која го следи спроведувањето на Законот за дигитални услуги (DSA), наведува дека сметките на малолетните корисници не ги исполнуваат во целост барањата за безбедност.

Според европските регулатори, проблемот е во тоа што децата можат да имаат јавно достапни профили, со што нивните објави можат да бидат видливи за поширок круг луѓе. Тоа, според ЕК, создава можност за несакана комуникација, онлајн вознемирување или други ризици.

Дополнително, Комисијата предупредува дека дури и приватните профили на деца можат полесно да бидат пронајдени од лица кои немаат активна сметка на TikTok, што дополнително ја отвора дебатата за тоа дали сегашните заштитни мерки се доволни.

Од Европската комисија побараа TikTok да ги промени стандардните поставки за профилите на малолетниците, така што нивната содржина автоматски ќе биде достапна само за корисници кои самите ги одобриле.

Од компанијата реагираа дека веќе имаат воведено голем број безбедносни механизми за тинејџерските профили.

„Тинејџерските сметки на TikTok имаат повеќе од 50 однапред поставени функции за приватност и безбедност, креирани со помош на експерти“, соопшти компанијата.

Од TikTok додаваат дека малолетните корисници немаат можност за директни пораки, а нивната содржина не може да се појавува во препорачаниот фид „За тебе“.

Сепак, европските власти сметаат дека заштитата на децата не смее да зависи од избор или дополнителни поставки, туку мора да биде вградена како основен дел од секоја дигитална платформа.

„Законот за дигитални услуги бара платформите да ја вградат заштитата на малолетниците во самиот дизајн на услугите и да преземат одговорност кога тоа не го прават“, изјави Хена Виркунен, главен службеник за технологија на ЕУ.

Истрагата треба да покаже дали TikTok навистина ги прекршил европските правила и дали ќе бидат потребни дополнителни промени во начинот на кој платформата ги штити најмладите корисници.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img