Последните одлуки на Европската унија за санкциите кон Русија и дистрибуцијата на руски гас нема да влијае врз енергетската состојба во Македонија.
Земјава троши минимални количини од овој енергенс, и затоа ниту граѓаните ниту пак компаниите не треба да бидат загрижени, вели министерката за енергетика Сања Божиновска. Таа се надева дека до 2027та година интерконекторот со Грција ќе биде готов и тоа ќе придонесе за стабилна испорака на гас во државава.
Сања Божиновска министерка за енергетика 17.30 –
„Тоа е за краткорочните, за долгорочните ништо не влијае тука, Македонија троши 500 илјади метри кубни и тоа не е голема количина. А што се однесува за од 2027ма тука ние работиме со гасоводот со Грција, до тогаш би требало да е готов, и мислам дека нема да има проблем и тоа ќе се решава на европско ниво. Сите тие што нема да можат ќе треба да бараат алтернативи ќе има во Бртисел разговори и ќе се пронајде алтернативно решение секако. “
Од земјите во регионот новите планови на Европската унија предизвикаа најмногу главоболки кај Србија каде властите веќе изразија голема загриженост во однос на забраната за транзит на руски гас низ државите членки кон трети земји. Министерката за енергетика на Србија Дубравка Ѓедовиќ Хандановиќ соопшти дека Србија е во многу тешка и речиси безнадежна ситуација.
Дубравка Ѓедовиќ Хандановиќ министерка за рударство и енергетика на Република Србија
„Србија, иако „не била учесник во никаков конфликт, се нашла погодена ни крива ни должна. И покрај сè, ќе направиме сѐ што можеме, како и досега, за граѓаните да не ги чувствуваат проблемите со кои се соочуваме.“
Краткорочните нарачки за гас од Русија Европската унија ги забранува од први јануари следната година. А веќе од почетокот на 27ма ќе има целосно прекинување на увозот на руски гас. Од почетокот на војната помеѓу Руската И Украина, увозот на гас во ЕУ се намали од 40 на 13 проценти. Но земјите членки на ЕУ сè уште годишно увезува гас во вредност од околу 15 милијарди евра од Русија.
Во меѓувреме секој месец цела година од државниот буџет на Македонија се трошат 250 илјади евра за закуп на природен гас од електраната Александропулис, а гасот не само што не се користи, туку електраната ни ни работи.






