За прв пат можеби во историјата тимот на Барселона може да ја осигура титулата на дуелот против Реал Мадрид на популарното „Ел Класико“ кое што е закажано за за в недела на 10 мај во 21:00 часот.
Барселона е домаќин, и атмосферата во Каталонија е буквално „зовриена“ што се однесува до самата атмосфера.
Барса со евентуален триумф ќе ја осигура титулата, и ќе му возврати на вечниот ривал за ваквиот потег во сега веќе далечната 1932 година кога Реал Мадрид токму во дуелот со Барса ја освои титулата.
Билетите се веќе распродадени, заинтересираноста е огромна, а достапни се само таканаречените ВИП карти. Нивните цени се зачудувачки: помеѓу 2.500 и 12.500 евра по билет.
Барса веќе се врати во својот дом, Ноу Камп кој што подолг период е во фаза на реновирање, и овојпат ќе биде полн како во најубавите негови времиња.








