домаМакедонијаЕксплозија на депонија во Визбегово: Повреден пожарникар

Експлозија на депонија во Визбегово: Повреден пожарникар

- Advertisement -spot_img

Еден пожарникар е повреден при денешна интервенција на пожар во селото Визбегово, во Општина Бутел, соопшти Центар за управување со кризи (ЦУК).

Според информациите, пожарот избувнал на дива депонија и површина со сува трева, а за време на гаснењето дошло до ненадејна експлозија, при што бил повреден припадник на противпожарната единица.

Од ЦУК информираат дека повредениот пожарникар е во стабилна здравствена состојба и се наоѓа надвор од животна опасност.

-Од Бригадата за противпожарна заштита – Скопје информираат дека пожарникарот се здобил со повреди на ногата и увото и е пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ – наведуваат од Центарот.

Повредениот веднаш бил згрижен од медицински екипи и транспортиран во Мајка Тереза за понатамошен третман и опсервација.

Причините за експлозијата засега не се официјално утврдени. Според првичните претпоставки на надлежните служби, можно е да станува збор за експлозија на боца под притисок која се наоѓала на локацијата каде што горела дивата депонија.

Надлежните институции вршат увид и дополнителни проверки за да ги утврдат точните околности што довеле до инцидентот.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img