Во Букурешт утринава се случи силна експлозија во станбена зграда. Загинаа најмалку три лица, а 17 други се повредени.
Меѓу загинатите, според романските медиуми, е и бремена жена.
Можна причина за експлозијата, според тамошните медиуми, е истекување гас, кој наводно еден од соседите што живее во зградата го вклучил, иако претходно бил исклучен.
Станарите од зградата се евакуирани и им е забрането да се вратат во своите станови поради опасноста целата зграда да се сруши.
Евакуирани се и учениците и наставниците од гимназијата во близина.






