домаШоубизЕдна година од смртта на Панчо: Споменот за него ќе остане врежан...

Една година од смртта на Панчо: Споменот за него ќе остане врежан во нашата ДНК

- Advertisement -spot_img

Денеска се навршува една година од смртта на Владимир Блажев – Панчо, членот на музичкото дуо „ДНК“, кој почина на 14 октомври 2025 година, по речиси седуммесечна борба со тешките повреди здобиени во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани.

Неговата смрт беше уште еден тежок удар за македонската јавност, која со месеци се надеваше дека Панчо ќе успее да се избори со последиците од трагедијата што ја потресе целата земја.

Панчо и неговиот музички партнер Андреј Ѓорѓиевски со години беа препознатлив дел од македонската музичка сцена. Како дуо „ДНК“, оставија зад себе бројни хитови кои и денес се слушаат и потсетуваат на времето кога нивните настапи носеа радост, енергија и емоции кај публиката.

Една година подоцна, споменот за Панчо продолжува да живее преку неговата музика, песните на „ДНК“ и сеќавањата на неговите најблиски, пријатели и обожаватели.

Трагедијата во Кочани остави длабока рана, а заминувањето на Панчо останува потсетник на ненадоместливата загуба што ја претрпе македонската музичка сцена.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img