домаРегионДве експлозии рано утринава во Атина: Фрлени бомби врз два објекти

Две експлозии рано утринава во Атина: Фрлени бомби врз два објекти

- Advertisement -spot_img

Две експлозии одекнале рано утринава во централното подрачје на Атина, откако непознати лица фрлиле експлозивни направи врз два различни деловни објекти. Според првичните информации од грчката полиција, во нападите нема повредени лица.

Првиот инцидент бил регистриран околу 4:25 часот по локално време на улицата Ахарнон. Рачна граната била фрлена кон продавница за здрава храна, во која во моментот на нападот се наоѓал припадник на обезбедувањето од сириско потекло.

Само половина час подоцна, околу 4:55 часот, следувал уште еден напад во атинската населба Агиос Пантелеимонас. Според информациите, непознат сторител фрлил експлозивна направа кон бар во сопственост на сириски државјанин.

И покрај експлозиите, нема информации за повредени лица. Грчката полиција ги истражува двата случаи, како и евентуалната поврзаност меѓу нападите.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img