Овој Одрадек го посветивме на необичниот и малку познат писател ВЛАДИМИР ШОПОВ (1948-2000), син на прославениот Ацо Шопов и на Благородна Цветковска, сестра на народниот херој Здравко Цветковски. За детското творештво на овој интригантен писател разговараа Никола Гелевски, Александра Хаџи-Наумова, Сашо Гигов Гиш и Дуке Бојаџиев. На снимањето на оваа емисија, меѓу педесетината посетители (во рамките на книжевниот фестивал Друга приказна), присуствуваа и учествуваа во разговорот и децата на В. Шопов, Мила Шопова и Александар Шопов.
Најчитани
Stay Connected









